| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: ОВК изврши геноцид врз српскиот народ во Косово

 

ivica dacic

Косовскиот претседател Хашим Тачи продолжува со провокации, изјави денеска српскиот претседател на Владата и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. Тој наведе дека откако „идејата на Тачи за формирање на таканаречена Војска на Косово доживеала дебакл“, тој пробува да го сврти вниманието на домашната јавност кон други теми ­ тужба против Србија за геноцид.

Дачиќ нагласи оти е особено познато дека Србија не извршила генецоид во Косово, туку дека Ослободителната војска на Косово (ОВК) извршила геноцид врз српскиот народ, пренесува Танјуг. За тоа, истакна Дачиќ, сведочат и податоците за разликата во бројноста на Србите во Косово денес и пред 1999 година. ­

– Впрочем, дури ниту Хашкиот трибунал ниту неговото обвинителство никогаш не ја обвинија Србија за геноцид, туку е формиран Специјален суд за злосторствата на ОВК, укажа Дачиќ.

– Така што злосторствата на ОВК ќе бидат изнесени на суд, а не на Србија, порача Дачиќ.

Српскиот министер за надворешни работи наведе дека Тачи знае оти од тоа нема да има ништо бидејќи Косово не е член на ОН и нема право да тужи во Меѓународниот суд за правда во Хаг. Дачиќ напомена дека законот за формирање на косовска војска е повлечен под притисок на меѓународната заедница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top