| четврток, 6 декември 2018 |

СРАМНО: Перјаниците на СДСМ со однапред подготвени анализи за терористичкиот чин

Ништо не изгледа попоразително и поразочарувачки од поривот да се дејствува против сопствениот народ и држава кога институциите се соочени со тероризам. Никој не можеше ниту да сонува дека опозицијата ќе се радува и ќе ликува затоа што терористичка група ги напаѓа државните граници, дека ќе зароби припадници на безбедносните сили, дека терористи ќе тепаат припадник на полицијата.parodii

Терористичкиот чин е за осуда, без никаква двојба. Тероризмот е главниот противник на современиот свет. Кога се случува терористички чин, ниедна политичка битка не смее да има предност. Тоа е, беше и секогаш ќе биде така во современите демократски држави. Така беше и во САД кога беа киднапирани авионите и срушен Светскиот трговски центар, така беше и во Велика Британија при нападот во станицата на метрото во Лондон, нападот врз железницата во Шпанија, терористичкиот акт врз „Шарли ебдо“. Ниеден политички зрел опозиционер, групација, партија, особено не партии кои за себе сметаат дека се државотворни, не влегоа во злоупотреба и фарса за политички поен.gero

Тоа што денеска го покажаа опозициските перјаници е сѐ само не политичка зрелост, ниту е одлика на изградени личности, како професионалци, како опозициски креатори на јавното мислење, најмалку е одлика на достојни граѓани на оваа држава.

libertasУште пострашно во денешното сценарио е што информацијата за терористичкиот чин не беше ниту потврдена, платениците на Милчиновиот фонд од Сорос веднаш објавија организирани напади против власта. Ваквиот срамен чин на брзање го покажува однапред подготвеното сценарио со однапред напишани колумни, подготвени ставови, анализи за претпоставените случувања. Всушност, говори за однапред подготвено сценарио коешто се заговара, сценарио коешто сака да се предизвика, сценарио со кое токму тие треба да го сокријат кукавичкото однесување на опозицијата. Информации кои треба да го покријат срамното дејствување на опозицијата поттикната од надвор во последните два месеци, а кое не успеа да влее раздор однатре, да го разнебити македонското национално ткиво.

Координираноста меѓу она што се случува, настапите на Заев, оркестрираниот обид да се посочи со прстот кон власта, не е ништо друго туку истото ценарио со кое во 2001 година СДСМ ја турна Македонија кон дното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top