| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки медиуми: Црвенковски се смета за света слика во македонската опозиција

Под насловот „Поранешниот претседател на земјата сака да се собори владата на Груевски“, весникот „Елефтерос Типос“ пишува дека Бранко Црвенковски го повикал народот на масовна мобилизација за постигнување на целта. Како што јавува дописникот на „Нетпрес“ од Атина, весникот пишува дека, според многумина, Црвенковски претставувал света слика во македонската опозиција.

branko-650x396

– Црвенковски, кој пред две години се повлече од лидерската позиција на најголемата опзициска партија Социјалдемократскиот сојуз, го прекрши молкот и во отворено писмо, меѓу другото, напиша дека за борбата против криминалниот и тоталитарен режим на Никола Груевски неопходно е формирање широко народно движење, кое ќе ги инкорпорира и поврзе сите тие што можат и што  сакаат да помогнат – пишува „Елефтерос типос“.

Последен пат кога активностите на претходникот на Заев со огромен итнерес се следеа и коментираа во грчката јавност беше периодот од пред околу две години, кога СДСМ предизвикуваше инциденти во и пред Собранието. Тогаш високи грчки дипломатски извори ги информираа медиумите дека тие имаат стратегија за успешно соочување со прашањето со Македонија во меѓународните организации каде што нè блокираат и дека прва точка од таа стратегија е токму кризата што беше предизвикана од опозициската партија на чело со Црвенковски.

И додека Грците го претставуваат Црвенковски како света слика, за ВМРО-ДПМНЕ тој претставува мрачното лице на Македонија, соодветно друштво на мрачниот Заев и за мрачните сценарија на СДСМ.

Во реакцијата на отвореното писмо на Црвенковски, од владејачката партија нагласуваат дека граѓаните го немаат заборавено сето зло што им го има направено, како криминалната приватизација, 200 000 стечајци, шверц со нафта и цигари, лажни ветувања за вработување на по еден член од секое семејство, територијалната поделба и тепање на оние што се спротиставуваа, сомнително доделување на 120 000  државјанства, промена на името и знаемето итн.

Освен Црвенковски, во фокусот на Грците овој период повторно се најде и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. По објавувањето на последната серија нелегално снимени телефонски разговори од стана на Заев во соработка со странски тајни служби, грчките медиуми информираат дека поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 та организирале протести пред општина Центар поради тоа што Жерновски имал намера да ја блокира т.н. антиквизација. За Жерновски и македонската опозиција според Грците, спорни биле статуите на македонските херои и истакнати личности, но и зградите кои што се граделе во неокласичен стил.

– Причината за протестите на поддржувачите на владеачката ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски беше намерата на градоначалникот на Центар да блокира дел од имплементацијата на контоверзниот план на владата за антиквизација на Скопје (ставање на статуи и конструкција на неокласични згради во центарот на Скопје ) што наиде на жестока критика од македонската опизција, се вели во текстот на грчката државна новинска агенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top