Во Општина Радовиш денеска е пуштено во употреба десеттото детско игралиште, со што, како што нагласи градоначалникот Сашко Николов, се заокружува дел од проектот „Детско катче во секое населено место“.
На локацијата од околу 400 квадратни метри се поставени различни детски реквизити и урбана опрема: коњчиња, лизгалка тобоган, лулашки и клацкалки. Просторот е оплеменет со фонтана и осветлен по најсовремени стандарди, а посебно внимание е посветено на хортикултурното уредување. Детското игралиште е оградено со потпорни и оградни ѕидови.
– Овој простор за жителите од овој дел од градот ќе биде посебно место за игра на децата и одмор и релаксација за повозрасните. Проектот е целосно финансиран од буџетот на општина Радовиш, -вели Николов.
Тој додаде дека општината Радовиш продолжува со изградба на детски катчиња, во текот на оваа година ќе бидат изградени и пуштени во употреба во селата Раклиш, Ињево, Воиславци, Калуѓерица, Подареш, Злеово, Ораовица и Сулдурци, со што ќе биде целосно реализиран проектот „Детско катче во секое населено место“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал до скандал во училиштето во Радовиш: Оџата во училиште го повикала директорката, чиј сопруг е секретар на општината
-
Пожарникарите од Радовиш под истрага: Од противпожарната единица направиле коцкарница
-
Кривични пријави за пет лица од Радовиш: Краделе дрва и им се заканувале на шумарите дека ќе ги тепаат
-
Командир од Радовиш заработи кривична: Огранизирал игри на среќа во службена просторија