| четврток, 6 декември 2018 |

Ново детско игралиште во Радовиш

­ Во Општина Радовиш денеска е пуштено во употреба десеттото детско игралиште, со што, како што нагласи градоначалникот Сашко Николов, се заокружува дел од проектот „Детско катче во секое населено место“.

rd_igralishtee-2-650x396

На локацијата од околу 400 квадратни метри се поставени различни детски реквизити и урбана опрема: коњчиња, лизгалка тобоган, лулашки и клацкалки. Просторот е оплеменет со фонтана и осветлен по најсовремени стандарди, а посебно внимание е посветено на хортикултурното уредување. Детското игралиште е оградено со потпорни и оградни ѕидови.

– Овој простор за жителите од овој дел од градот ќе биде посебно место за игра на децата и одмор и релаксација за повозрасните. Проектот е целосно финансиран од буџетот на општина Радовиш, -вели Николов.

Тој додаде дека општината Радовиш продолжува со изградба на детски катчиња, во текот на оваа година ќе бидат изградени и пуштени во употреба во селата Раклиш, Ињево, Воиславци, Калуѓерица, Подареш, Злеово, Ораовица и Сулдурци, со што ќе биде целосно реализиран проектот „Детско катче во секое населено место“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top