| четврток, 6 декември 2018 |

Един Џеко одговори на предизвикот и двапати им „заби“ на Грците (видео)

Един Џеко, на најдобар начин, одговори на предизвикот од момците од Радио „Кју“ Зеница, и им „заби“ два гола на Грците, во победата на БиХ од 3-1, на „Билино Поље“. Радиоводителите од „Кју“, неколку дена пред мечот во Зеница, направија ремикс на популарната песна „Миљацка“, со надеж дека Џеко ќе даде гол, а БиХ ќе ги победи Грците. „Да га хоче забит Един Џеко, да је данас Грке туч“, преку оригинална и духовита песна, посакаа од Радио „Кју“, а Џеко и останатите репрезентативци одлично одговорија со импресивна победа. Во песната се спомнати и Миске и Ведо, а се мисли токму на главните актери на мечот, заедно со Џеко. Миске е Звјездан Мисимовиќ, играч што му асистираше на Џеко при третиот гол, а Ведо е Ведат Ибишевиќ, стрелецот на вториот гол. Трилингот босански репрезентативци одигра како по ноти на авторите на песната.

Напаѓачот на Манчестер сити, Џеко, ја крена на нозе публиката со голови во 29. и 53. минута, а еднаш стрелец беше и Ведат Ибишевиќ, по промашениот пенал на Звјездан Мисимовиќ. За Грците, почесен погодок постигна Теофанис Гекас, во последните моменти од мечот.


szólj hozzá: Bosnia vs Greece 3:1 GOALS HIGHLIGHTS

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top