| четврток, 6 декември 2018 |

Климовски: Растат немирот и анксиозноста во СДСМ

На трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, која вчера се одржа во Крива Паланка, универзитетскиот професор Александар Климовски рече дека опозицијата водена од комунистичката матрица пред 50 години мисли дека она што се говори по телефон сѐ уште се казнува, но како што рече нивниот план за дестабилизација на државата пропаѓа.

A. klimovski(1)

Според него, растат немирот и анксиозноста во СДСМ.

– Намерата на Заев да добие техничка влада која ќе игра улога на нова квинслиншка влада нема да успее, бидејќи сакаат да посеат страв, нетрпеливост, немир и разорување на народот. Ова е веќе видено историско сценарио на дообработување за странски интереси кое македонскиот народ умее да го препознае. И се надеваме групата која го врши овој предавнички чин ќе добие долгогодишни затворски казни. Со нивните постапки одат кон судски прогон и тендециозно ги оспоруваат самото обвинителство и судството, бидејќи токму таму и ќе завршат – рече Климовски.

Климовски нагласи дека обвинувањата на опозицијата паѓаат во вода поради противзаконски прибавените материјали кои ги објавуваат во јавноста поради тоа што Законот за кривична постапка е јасен дека доказите прибавени на противправен начин се невалидни и правото не ги препознава, а врз нив не може да се заснива судска одлука.

Климовски од Крива Паланка апелираше до опозицијата за доброто на Македонија да се сврти сама кон себе, да се реформира, да се екипира  и да направи програма бидејќи на власт се доаѓа само со идеи, програма и одржување на дадениот збор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top