Викендот што измина стартуваше детскиот едукативен караван „Весела училница со Маша и Медо”. Премиерната изведба на мултимедијалниот проект, кој има за цел преку омилените детски ликови да го искорени втемелениот страв кај дечињата од одењето на училиште, беше во Центарот за култура во Битола, во сабота на 18-ти април, точно на пладне.
А веќе следниот ден актерската екипа во состав Марко Новески, Соња Стамболџиоска, Весна Пановска како Маша, Мето Јанакиевски како Медо, Виктор Велевски како Џеронимо Стилтон, Матеј Ефремов како Бошко Лошко, Лазар Христов, Настасија Меле и Михаела Климпер, предводена од режисерот Игор Ивковиќ беше во Центарот за култура “Григор Прличев во Охрид”. Различна беше само локацијата.
Џагорот во училишниот двор кој во рамките на проектот го постави Еуролинк, побарувачката за влезница повеќе, преполните сали и реакциите на публиката секаде беа подеднакво интензивни и само го потврдија успешниот старт на караванот.
Веќе следниот викенд екипата на “Весела училница” е во Гевгелија 25-ти април и Струмица 26-ти април. До крај на караванот се предвидени уште и Кавадарци на 16-ти мај, Велес на 30-ти мај, Куманово 31-ви мај и големото финале во Скопје во МОБ на 7-ми јуни.
Претставата секаде почнува од 12 часот на пладне. Влезници по цена од 150 денари со порадок боенка на билетарниците на Центрите на Култура но и на денот на самиот настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.