| четврток, 6 декември 2018 |

Наум Петрески во жестока кавга со „Анима мунди“

Naum Zuica 8 (Custom)

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ остро го нападна ловечкото хоби на познатиот фолк-пејач Наум Петрески, со што почна една „војна“ на социјалните мрежи.

Петрески објави фотографија на личниот профил на „Фејсбук“ на која убиен волк е сликан врз возило, а како коментар за истата напиша „ Кој се плаши од волкот лош“, пишува „Хит портал“.

volk-1

„Анима мунди“, пак, возврати со споделување на неговата фотографија.

Споделете го сите, да се види, да се знае! Јавни личности не смеат да бидат толерирани ако уживаат во смрт, сакатење и убивање на животните! Бојкот за Наум Петрески додека не сфати дека пушката не е микрофон! – пишува на официјалната страница на здружението.

Петрески, инаку страстен ловец, возврати со нов статус.

n2

Витруелната расправија и несогласувања продолжила и по приватни пораки меѓу Наум и членовите од здружението, а дел од  пораките се најде и на профилот на „Фејсбук“ на една од членките на здружението.

n11

Неодамна, во интервју за „Република“, Петрески зборуваше за својата ловечка страст.

Та­тко ми бе­ше лов­џи­ја и пре­тсе­да­тел на лов­џи­ски­от со­јуз. Кај ме­не не е тоа вче­раш­на тра­ди­ци­ја, ту­ку е отсе­ко­гаш. Ме­не по­ве­ќе ми е за друж­ба­та и за ше­та­ње­то низ при­ро­да, не сум не­кој што би пу­кал на сѐ. Имам мно­гу лов­џи­ски при­каз­ни, еве се­га пред не­кол­ку не­де­ли уло­вив убав ма­шки фа­зан. Мај­ка ми е екс­перт во куј­на­та и знае нај­до­бро да под­го­тви ди­веч – ве­ли Пе­тре­ски, за чи­и­што лов­џи­ски аван­ту­ри че­сто се пи­шу­ва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top