| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Вие во Делчево знаете кој ги затвори фабриките во градот

тодоров

– И вие во Делчево знаете кој ги затвори „Фротирка“, „Пирин“ Конфекцијата „Партизанка“, Килимарницата „Гобленка“ , Кожарницата, ЗИК „Сандански“ и како СДСМ избрка од работа 1.700 работници. Ние реализираме програма и проекти, работејќи правиме и грешки, но го слушаме гласот на народот и правиме корекции – изјави вечерва НиколаТодоров на трибината на ВМРО ДПМНЕ во Делчево.

Според Тодоров Заев е човек што сака да дојде на власт со агентурна мрежа, со уцени, најавува и крв. Министерот за здравство ги повика сите партии рационално да размислуваат и постапуваат.

Министерот за здравство Никола Тодоров на партиската трибина во Делчево потсети на пустошот што го направил СДСМ во периодот 1995- 97 кога ја разнебитиле економијата под маска на приватизацијата и кога останале без работа околу 200 илјади работници.

На трибината покрај Тодоров говореа и градоначалникот на Делчево Дарко Шехтанскии пратениците Илија Димовски и Антонио Милошовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top