| четврток, 6 декември 2018 |

Папата загрижен од порастот на антисемитизмот во Европа

papa francis

Папата Франциск е загрижен поради порастот на антисемитизмот во Европа.

– Антисемитистичките трендови и некои акти на омраза и на насилство во Европа се вознемирувачки. Еден христијанин не може да не ја осуди секоја форма на антисемитизам – изјави папата Франциск на средбата со претставници на Конференцијата на европски рабини.

Аудиенцијата кај Папата на европските рабини е прва од формирањето на Конференцијата на европски рабини во 1956 година.

Папата Франциско наведе дека почитта кон другите религии, како јудеизмот, систематски напредува рерчиси половина век односно од усвојувањето на документот од Вториот ватикански собор од 1965 година „Нашето време“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top