| четврток, 6 декември 2018 |

Со филмот „Зависник од интернет“ во пет балкански града утре почнува „Докувизија“

Со симултана проекција на израелско-американскиот документарен филм „Зависник од интернет“ (Web Junkie) во пет балкански градови, на 21 април (вторник) 2015 година, почнува „Докувизија“, партнерски проект на Балканската документарна дистрибутивна мрежа (БДДМ), во која членува и фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Скопската проекција е закажана во џебното кино во МКЦ, во 20 часот, а во исто време ќе се одржат проекции и во Призрен, Белград, Загреб и во Подгорица.

Web Junkie Photo2

Секој месец еден од овие градови ќе биде домаќин на авторите на прикажаниот филм или на експерти за конкретната филмска проблематика, и ќе организира дискусии со публиката. Притоа, дискусиите ќе бидат пренесувани во живо со што ќе ѝ се овозможи учество на публиката од сите пет града.

Web Junkie Photo1

Темата на првата дискусија во рамки на „Докувизија“ е зависноста од интернетот, а град-домаќин е Подгорица.

По проекцијата ќе се води разговор со социологот Анита Ќудина од Сплит, инаку авторка на истражувачки проект за зависноста на децата од Интернетот, и Радоје Церовиќ од Подгорица, психолог и комуниколог. Зависноста од интернетот не е проблем само во Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top