Германскиот гигант Баерн Минхен повторно има сериозни кадровски проблеми и ќе мора да ја брка негативата од два гола со Порто без еден од големите адути во тимот, Франк Рибери.
Францускиот репрезентативец мака мачи со повредите и сигурно нема да игра утре на „Алијанц арена“. Баерн го загуби првиот меч во Португалија со 1-3, а зрак на оптимизам дава враќањето на Бастијан Швајнштајгер, кој ќе игра во реваншот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.