| четврток, 6 декември 2018 |

Ако е за утеха, Брумен и Милиќ во топ 5, Дујшебаев во идеалната постава на колото во ЛШ (видео)

Ако е за утеха за елиминацијата во четвртфиналето од Кјелце, Вардар има тројца претставници меѓу најдобрите во различни категории во реванш-мечевите од Лигата на шампионите.

Алекс Дујшебаев си најде место во идеалниот состав според изборот на ЕХФ ТВ, како најдобар десен бек, заедно со Сигурдсон, Томас и Де Варгас од Барселона, а по еден претставник имаат ПСЖ во Хансен, потоа и Веспрем во Сулиќ и Кил во Јиха.

Матјаж Брумен е на топ 5 листата со најатрактивни голови, а Страхиња Милиќ е во топ-5 со една од неговите одбрани.

Видеата со головите, одбраните и составот на идеалниот тим во ЛШ можете да ги погледнете ОВДЕ.

Vive Tauron Kielce vs HC Vardar

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top