Црвена звезда се пласираше во финалето на АБА-лигата, и со тоа обезбеди пласман во Евролигата, а по мечот тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ, беше дел од инцидент во тунелот на салата „Пионир“.
„Црвено-белите“ го совладаа Партизан со 81:73 и со 3:1 во серијата се пласираа во финалето од АБА-лигата. Херои на Црвена звезда беа двајца Американци, Чарлс Џенкинс и Маркус Вилијамс, кои уфрлија по 19 поени.
Иако се чинеше дека тензијата на овој меч ќе добие колку-толку мирен епилог, камерите забележаа скандал во тунелот на салата „Пионир“.
Додека капитенот на „црвено-белите“ Лука Митровиќ даваше изјава за „Спорт клуб“, камерата во заднина го „улови“ тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ, како влегува во физичка пресметка со непозната личност која зборуваше на мобилен.
Вујошевиќ на прес-конференцијата изјави дека се работи за навивач на Црвена звезда, а не за функционерот на тимот Мирко Павловиќ, како што претходно се претпоставуваше.
Веднаш реагираа припадниците на полицијата, кои спречија поголем инцидент, а во целата ситуација се замеша и претседателот на КК Партизан, Предраг Даниловиќ, кој според она што се гледа на снимката имаше улога на миротворец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)