| четврток, 6 декември 2018 |

Пасоши и лични карти ќе се издаваат и во недела

Документи за лична идентификација, патни исправи и лични карти, односно биометриски личен документ неопходен за гласање ќе се издава и в недела,  најави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Управните служби на МВР во текот на утрешниот ден, низ цела Република ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата од 08.30 часот до 16.30 часот.

Glasanje-Izbori-Makedonija-slajder
Граѓаните кои утре ќе аплицираат или кои аплицирале претходниве денови, ќе можат личните документи да ги подигнуваат и во недела бидејќи на 24-ти предвидено е да работат сите Управни служби да работат од 07.00 часот до 19.00 часот, но само за издавање документи, со исклучок на Скопје каде што и во недела ќе може во итна постапка да се аплицира.

#

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top