Во реванш дуелот од Лигата на шампионите меѓу Кјелце и Вардар по првите 30 минути Вардар губи само со 2 гола разлика 16-14.
Одбраната е таа што повторно го остава во игра македонскиот тим. Иако голманите не се на висина на задачата, Раул Гонзалес постави длабока одбрана изнудувајќи голем број на шутеви на полските ракометари надвор од девет метри, но шутевите на Бјелецки секогаш завршуваа во голот. Тој во првиот дел постигна пет голови.
Во нашиот состав Игор Карачиќ даде четири од кои два од пенал. Вардар во 14 минута имаше шанса при резутат 8-8 и двајца играчи повеќе на теренот да дојде до опиплива предност, но брзоплетите напади им овозможи на крилата на Кјелце да истрчаат брза контра и да постигнат дури три гола со само четири играчи во поле.
Сепак да се надеваме дека Вардар ќе влезе во преопознатливиот ритам кој го краси во текот на оваа сезона и во неколку налети најпрвин дојде до израмнување па потоа и до предност која ќе значи и пласман на фајналфор турнирот во Келн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


