| четврток, 6 декември 2018 |

Модриќ повторно се повреди, најважната алка во тимот на Реал Мадрид ја заврши сезоната?

Шок во Мадрид. Лука Модриќ на синоќешниот натпревар против Малага мораше предвреме да ја напушти играта, а потоа го напушти стадионот на патерици и со солзи во очите.
Најважната алка во тимот на Реал Мадрид Хрватот Модриќ штотуку се врати на терените поради повреда која го оддалечи два месеца, за повторно да се здобие со повреда на лигаментите на десното колено, што значи дека нема да може да им помогне на своите другари од тимот до крајот на сезоната.
Сепак, во текот на наредните денови ќе бидат извршени детални лекарски прегледи и ќе биде позната дијагнозата за повредата на Хрватот.

Доколку првичните прогнози се покажат како точни, Модриќ ќе отуствува пет до шест недели што значи дека би можел да се врати во составот на кралевите само за финалето на Лигата на шампионите и одбрана на европската титула доколку неговиот тим не биде елиминиран во четвртфиналето или полуфиналето.

Покрај Модриќ, на повреда на мечот со Малага се пожали и Герет Бејл, кој беше повлечен од игра уште во петтата минута од средбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top