| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Карачиќ: Нашата шанса е во добрата одбрана и во полуконтрата која не красеше цела година

Еден од најдобрите поединци во РК Вардар оваа сезона Хрватот Игор Карачиќ е голем оптимист пред денешниот меч против Кјелце во Полска во рамките од Лигата на шампионите.
Вардар имаат негатива од првиот натпревар одигран во Скопје од два гола, никој од играчите и стручниот штаб не верува дека е се загубено.
За Карачиќ, тоа не бил вистинскиот Вардар, тоа не била играта која сезонава го краси македонскиот тим.

– Едвај чекам да почне натпреварот. Се средија ситните проблеми со повредите кои ги имавме. Добро се подготвивме, добро ги анализиравме грешките кои ги направивме во првиот меч во Скопје. Верувам во својата екипа, ќе дадеме денеска максимум од своите можности и се надевам на пласман на завршниот турнир. Едноставно, на првата средба не бевме ние, тоа не беше нашата игра- изјави Карачиќ.

Хрватот го знае патот кон успехот, кон местото меѓу четирите најдобри екипи во моментов во европскиот ракомет.

– Ако одиграме со 70-отсто од можностите, сигурен сум дека ќе дојдеме до посакуваното. Нашата шанса е во добрата одбрана, во полуконтрата која не красеше во текот на целата сезона, во дисциплинираното чекање шанса во нападот и отсуството на голем број технички грешки дополни Карачиќ.

Натпреварот започнува во 15.30 часот во салата „Легија“ која е со капацитет од 4000 гледачи, а се очекува и голема подршка од Комитите кои веќе се пристигнати во Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top