| четврток, 6 декември 2018 |

Оглас за финансиска поддршка на земјоделски задруги

lozje grozje nivaАгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска објави јавен повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, за мерката 131 Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност.

Средствата се предвидени за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистар на земјоделски задруги при МЗШВ, организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи, помош за премии за осигурување во вид на надоместок на дел од трошоците за осигурување и тоа во висина која нема да надминува 70% од трошокот за осигурување на производните капацитети на земјоделска задруга од мал обем и 80% за осигурување на производните капацитети на земјоделска задруга од голем обем, но не повеќе од 3.000.000 денари на годишно ниво  и за инвестиции за набавка на земјоделска механизација во висина од 90% од вкупната вредност на набавката.

Финансиската поддршка за функционирање на земјоделски задруги се исплаќа квартално, а за организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи се доделува во износ од 100% од вкупно прифатливите трошоци за спроведување на предвидените активности во програма за работа на земјоделската задруга и може, по барање на корисникот, да се додели на две рати.

Доделената финансиска поддршка е неповратна.

Право на користење на средства имаат земјоделски задруги регистрирани во Регистарот на земјоделски задруги при Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство согласно со Законот за земјоделски задруги.

Крајниот рок за доставување на барањата е 18.05.2015 година.

Подетални информации заинтересираните можат да добијат во контакт центарот на Агенцијата на тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top