Преку Програмата за поддршка на руралниот развој во Општина Пехчево досега се инвестирани околу 400 илјади евра за шест проекти со кои се подобрува квалитетот на животот во регионот. Ова го истакна заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, кој денеска направи увид на стартот на градежните работи за изградба на локалниот пат во должина од 1, 5 км, кој ќе го поврзува археолошкиот локалитет Св. Петка, кај Пехчево, со регионалниот пат Делчево-Пехчево.
– Вредноста на овој проект е 8, 5 милиони денари и е во насока за подобрување на патната инфратсруктура. Со негова реализација за сите верници и туристи ќе стане овој локалитет достапен. За другите проекти можам да информирам дека во тек е изградба на улица во с. Црник во должина од еден километар, инвестиција вредна околу 4, 5 милиони денари, како и уредување на Езерото во Општина Пехчево што ќе претставува туристичка атракција. Станува збор за вкупна инвестиција за сите овие проекти во висина од 13, 5 милиони денари, рече Костадиновски.
Градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, потенцираше дека од шестте проекти финансирани во општината дури четири се завршени.
Тој искажал голема благодарност и до заменик-министерот и до Владата бидејќи, како што рече, наишле на разбирање. – Во имплементација е изградбата на овој пат и улицата во село Црник, а крајниот лок за реализација на овој проект е до октомври. Езерцото е туристички комплекс кој очекуваме да предизвика голем интерес бидејќи има богати содржини кои ќе ги задоволат посетителите, рече Поповски.
Инаку, во Малешевијата земоделците коритстат околу 1.000 хектари државно земјиште.
– Во регионот на Малешевијата се кристи земјоделското земјиште распоредено од страна на државата и тоа на површина од околу 1.000 хектари, но и за сопствените имоти на земјоделците, и она што посебно сакам да го истакнам е дека во изминатите години се издвоени субвеници во висина од 4 милиони евра за земјоделците од овој регион. Сите овие проекти и она штое е планирано согласно со Програмата целосно ќе бидат завршени, рече Костадиновски.
Со овие инвестиции преку Порграмата за финансиска поддршка на руралниот развој, како што истакна Костадиновски, ќе се придонесе во подобрување на квалитетот на животот, ќе се решат инфраструктурни проблеми што ќе оди во прилог на реализацијата на актуелниот проект „Од град во село“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Костадиновски: СДС покажа дека не се грижи за земјоделците, односот на министерството и владата кон производителите на лубеници е понижувачки
-
Ирена Спировска адреналински зависник (ФОТО)
-
Костадиновски: Помошта која земјоделците ја добиваа од Владата на ВМРО ДПМНЕ реши многу проблеми
-
ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС ги измами земјоделците, родот на производителите во Росоман им пропадна