Високотехнолошките инвестиции во земјоделското производство особено во оранжериско-градинарското производство ќе бидат подржани преку програмите за рурален развој со кофинанирање на 60 проценти од трошоците, истакна денес во Банско лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ 4 Никола Груевски.
Тој посочи дека ќе обезбедат 90 процентно кофинансирање на мали земјоделски стопанства за да се развиваат во поголеми.
– Висината на поддршката за најмалите стопанства до еден хектар површина кај повеќето култури, односно до 5 хектари кај житата или пет грла во говедарството и свињарството или до 100 овци… кои се сметаат за стопанства кои започнуваат со посериозна земјоделска дејност ќе изнесува 90 отсто кофинансирање на трошоците направени при преминување во следната повисока категорија, објасни Груевски.
Кофинансирањето на трошоците за рестуктуирање на стопанствата од втора во трета категорија ќе изнесува 70 проценти.
– За возврат до крајот на инвестицијата стопанствата треба двојно да го зголемат нивниот првичен производен капацитет, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии