Овдека во Прилеп, земјоделците, а посебно тутунарите, знаат што значат празни зборови и лажни ветувања од времето кога беше СДСМ на власт, и знаат што е релна подршка од 1 евро по килограм тутун од ова време на ВМРО. Ги слушнаа и експертите на СДСМ како цинично не нарекуваат земјоделско конзервативнаа влада, бесни заради нашата помош и подршка на сиромашниот земјоделец, затоа што тие не го правеа тоа, па сега се слути кога друг го прави. Знаат и лозарите и сточарите и сите други земјоделци, низ колку реки жедни помина со СДСМ, од една странаа, и каква подршка денес имаат од ВМРО.Вкупно над 25 милиони евра годишни субвенции. Во време на ВМРО-ДПМНЕ на ниво на општина исплатени се преку 100 милиони евра – посочи премиерот Никола Груевски на народниот собир во Прилеп.
Тој најави дека во месец мај ќе има објава на јавен оглас за доделување на државно земјоделско земјиште за закуп до 3 хектари за општините: Гази Баба, Кисела Вода, Битола, Ресен, Тетово, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Кочани, Свети Николе, Велес, Гевгелија и Прилеп. Само во Прилеп вкупно ќе бидат распределени околу 800 хектари.
-И да најавам за сточарите: наскоро воведуваме субвенции во висина од 50% од трошоците за набавка на расен добиток (вклучително високоприносни грла овци што всушност е и барање на сточарите) – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос
-
Град Скопје повторно ќе субвенционира велосипеди