| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува 8. Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“

licaBezMaski2015

Претставата „Буре барут“, во изведба на бугарскиот театар „Николај Бинев“ и „Креди арт“ продукција, во режија на Ана Батева вечер на сцената на Театар Комедија ќе го означи почетокот на осмото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“.

Фестивалот годинава ќе понуди шест претстави, кои ќе ги оценува  тричлено жири, во чиј состав се актерката Таци Илиева-Велјиќ, режисерот Бојан Трифуновски и новинарката и театарски проследувач Сребра Ѓорѓијевска.

По свеченото отворање во 22 часот ќе биде изведена и претставата „Морам да ти кажам нешто“, на Џузепе Бонифати од Италија.

Следната фестивалска вечер е резервирана за македонската независна продукција. Во 20 часот на малата сцена на МОБ, ќе биде изведена претставата „Семејни приказни“ во режија на Ангелчо Илиевски, а во 22 часот на „Мала сцена“ во Универзална сала, ќе гостува претставата „К“, во режија на Хана Миленковска.

На 20 април, од 20 часот, на малата сцена на МОБ ќе биде изведена претставата „Копилиња во умот“, на победниците на „Лица без маски“ од пред две години театарот „Софија Амендолеа“, а последниот фестивалски ден, 21 април, од 20 часот, е посветен за „Машината Јан Бибијан“, на режисерот Петар Пашов и театарот „Ателје 313“ од Софија, Бугарија.

Билетите за  претставите може да се купат на касата на Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала-Скопје), секој работен ден од 08:00 до 20:00 часот. Цената на билет за секоја претстава одделно чини 150 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top