| четврток, 6 декември 2018 |

Европол: Кибер криминалот и тероризмот главни закани за светот

интернет

Кибер криминалот заедно со тероризмот се главните закани за безбедноста на современото општество, изјави синоќа директорот на Европската полициска организација (Европол), Роб Вејнрајт.

– Заканата преку интернет е огромна. Таа денес е најголема закана за безбедност заедно со тероризмот. Таа се претвори во светски проблем и нам ни е потребен глобален инструмет за справување со неа – изјави Вејнрајт, најавувајќи создавање на глобална платформа за борба против кибер криминалот.

Како главни форми на кибер криминалот Вејнрајт ги посочи хакерските напади, дистрибуцијата на педофилски и порнографски содржини, кражбата на лични податоци и компјутерските измами.

Создавањето на платформата за борба против кибер криминалот наречена „Глобален форум за кибер експертиза“, Вејнрајт го најави на средбата за кибернетската безбедност што се одржува во холандскиот град Хаг. На собирот учествуваат над 1.500 претставници на речиси сто држави, меѓународни организации и ИТ компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top