Билјана Белицанец-Алексиќ, кандидатката за градоначалник на скопската општина Кисела Вода на владејачката коалција предводена од ВМРО ДМПНЕ изјави дека нејзината програма е создадена заедно со граѓаните.
-Изминатите десет месеци интензивно се работеше што е тоа што им е неопходно на граѓаните. Што е она што тие имаат како потреба и нивните идеи, врз основа на нивните идеи и потреби, практично ние ја градевме програмата – изјави Беличанец-Алексиќ, додавајќи дека ако на прв поглед програмата изгледа скромно, таа ќе биде надградувана.
Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода искажа задоволство од прифатеноста и реакциите на граѓаните.
-Освен што имавме средби во месните заедници, каде граѓаните ни ги посочија аномалиите во општината, заедно со тимот одевме од врата на врата и морам да бидам искрена дека многу срдечно бевме прифатени и со голема надеж дека сето она што ни е напишано во програмата ќе биде реализирано – изјави Беличанец-Алексиќ.
Беличанец-Алексиќ ги повика граѓаните во недела масовно да излезат и да го дадат својот глас на локалните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.