Специјална комеморација и верска служба се одржаа денеска во катедралата во Келн во сеќавање на 150 патници и членови на екипажот од германскиот авион „ербас А 320“ на компанијата „Џерманвингс“, што на 24 март беше намерно урнат во француските Алпи.
На комеморацијата покрај околу 500 роднини и блиски на жртвите, присуствваа и претседателот на Германија, Јоаким Глук, канцеларот Ангела Меркел, како и министри од француската и шпанската влада и уште 1.400 други лица, меѓу кои и највисоките претставници на „Џерманвингс“ и на нејзината компанија-мајка „Луфтханза“.
Авионот, кој леташе на линијата од Барселона до Дизелдорф, беше преземен од копилотот Андреас Лубиiц, откако главниот пилот излегол во тоалетот и го насочил „ербасот“ кон една планините самоубивајќи се и убивајќи ги сите други 149 лица.
Германските медиуми подоцна открија дека Лубиц имал психички проблеми и дека се лекувал и примал лекови против тешка депресија, што го криел од своте работодаваци.
Меѓу жртвите, најголемиот број се Германци (72) и Шпанци (50), но има и државјани од уште други 14 земји. Меѓу патниците имаше 16 ученици, кои се враќале дома од училишна екскурзија во Шпанија, како и три бебиња.
Според соопштението на француските форензички власти, сè уште не е комплетирана идентификацијата на сите 144 патници и шестмината членови на екипажот.
Германските знамиња денеска низ целата земја се поставени на половина копје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.