Недостигот од гориво, резервни делови и соодвена опрема ги прави грчките воени бродови и авиони немоќни и беспомошни пред Турција и нејзината армија во случај на турска агресија, пишува американскиот неделник „Њусвик“.
Според овој весник, тоа практично значи дека Грција, поради своите големи финансиски проблеми кои ги „оскатуваат“ нејзините армиски сили, повеќе не може да се спротивставува на една потенцијална агресија од страна на Турција.
Грчкиот воен експерт Костас Комопулос изјави за неделникот дека токму Турција е причината зашто Грција мора да има бројни воени сили, но во сегашната грчка ситуација, турската страна го чувствува поместувањето во баланост на силите, па забрзано ги активираат своите воени активности над Егејот, во обид целосно да ја истрошат (материјално) грчките армија.
Секоја година, во Атина се бележат „стотици упади“ на турската морнарица и авијација врз грчката територија, на што редовно реагираат воените авиони и бродови за да ги вратат Турците назад, во својот воздушен и поморски прстор.
Во март оваа година, само во десет денови немало упад на турските воени сили врз грчката територија. Во само еден ден, на 20 март дури 12 турски борбени авиони 36 пати навлегувале во воздушниот простор на Грција.
Оваа балканска земја која од 1952 година е членка на НАТО (заедно со Турција) годишно издвојува по четири милијарди евра за воениот буџет или 2,5 отсто од Бруто националниот производ на земјата. Тоа е повеќе од многу други земји во НАТО и ЕУ и е двојно повеќе од сегашните издвојувања на Велика Британија.
Воениот експерт Комопулос, на кој се повикува американскиот неделник, забележува дека атинската влада со својата политика го „отапува моралот“ на армиските сили, но во моментот поголем е проблемот за да се обезбеди гориво.
Тој смета дека Турција го знае тоа, па затоа ги прави сите овие упади, очекувајќи грчките сили да реагираат, но без доволно гориво и без опрема, Грција не може да се избори со својот сосед и сојузник во НАТО.
Независни воени експерти навестуваат дека Грција во сегашните кризни времиња ќе се определи за намалување на бројот на грчките воени сили, но оценуваат дека не би било „умесно и рационално“ да се ослободи од војската обучен персонал, во услови кога Грција има невработеност меѓу младите од безмалку 50 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа