Во просторот лоциран на улица „50 дивизија“ каде што денеска се наоѓаме, од септември годинава и официјално ќе почне да фукционира и првиот Центар за дизајн во Република Македонија или Дизајн прототип центар – Јавна соба, кој е единствен од ваков вид на Блаканот. Станува збор за простор со вкупна површина од 1.450 квадартни метри, кој е во владение на Министерството за Одбрана и кој со одлука на Владата на РМ е даден под наем на Здружението Јавна соба, Скопје за период од 20 години. Објектот кој претходно се користеше како магацински простор за потребите на АРМ, предвидено е да прерасне во регионален Дизајн прототип центар кој има за цел да го подигне и артикулира работењето на дизајн секторот во Македонија и регионот. Овде младите дизјанери и иноватори ќе можат да користат најразлични машини, алати и техничка експретиза за да развијат прототип на производи кои ќе бидат понудени до македонските компании.
-Убедена сум дека овој Дизајн прототип центар ќе прерасне во епицентар на иновативноста и креативноста во Македонија, како и простор за експериметирање, креирање и развој на нови идеи, прототип решенија и развој на претприемништвото помеѓу дизајнерите. Иновативните решенија во вистински формат, овде, ќе бидат изложени, тестирани во помали размери пред јавноста и доколку го поминат првичниот испит, ќе го побараат својот пат на пазарот. Од особена важност е што токму во овој Центар за дизајн ќе се реализираат активности и со средства кои Балканската дизајн мрежа ги доби од програмата на Европската Унија, „Креативна Европа“. Ќе потсетам дека Балканската дизајн мрежа, минатата година освен „Јавна соба“ ја основаа и Миксер организацијата од Белград и Хрватското дизајнерско друштво од Загреб, со цел да дадат стратешка поддршка во развојот и промоција на балканскиот дизајн и подигне свест за важноста на дизајнот во процесите на општествен и економски развој – рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.