| четврток, 6 декември 2018 |

Поповолна економската состојба на деловните субјекти во март

продавница

Економската состојба на деловните субјекти во март е оценета како поповолна во однос на февруари, како и во споредба со март минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Како поповолни се оценуваат и состојбата со обезбеденоста на производството со порачки, состојбата со резервите на готовите производи, како и очекувањата за обемот на производството за наредните три месеци.

Според оцената на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март е непроменет во однос на февруари, а во споредба со март лани е зголемен за 2,8 процентни поени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март изнесува 62,6 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 25,1 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 24,7 отсто, недоволната домашна побарувачка со 24,3 отсто и финансиските проблеми со 6,2 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top