По поразот од Порто во четврфиналето од Лигата на шампионите (3-1) германскиот гигант Баерн Минхен се наоѓа во тешка ситуација кога се работи за пласманот во полуфиналето. Покрај негативниот резултат од натпреварот на „Драгао“ Пеп Гвардиола има голем проблем и со повредени играчи.
Последниот играч во низата на повредени е Махди Бенатија кој се повреди на натпреварот против Баер Леверкузен. По повредата Мароканецот мораше предвреме да го напушти теренот што предизвика гнев кај Гвардиола кој се заврте накај главниот доктор во тимот Ханс – Вилхелм Милер – Волфарт и иронично му ракоплескаше за „одлично“ завршената работа со повредите.
Тоа дефинитивно не и се допадна на цеокупната германска јавност и на првиот доктор кој безмалку 40 години е клучна алка во тимот од Минхен за сите успеси направени во овој период. Покрај тоа што неговите услуги и услугите на неговите соработници ги користат Баварците, за помош кај Волфарт се обратиле и Усаин Болт, Борис Бекер како и репрезентативците на Германија.
– По натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Порто и Баерн Минхен, медицинскиот тим беше крикуван за фактор за неочекуваниот пораз. За нас тоа се неразбирливи причини и поради нарушената доверба се повлекуваме – напиша Ханс – Вилхелм Милер – Волфарт во своето соопштение до јавноста.
Итересно е што овој специјалист еднаш веќе го има напуштено Баерн по несогласувањата со Јирген Клинсман во сезоната 2008-2009, но експресно се врати во тимот по заминувањето на тренерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)