| четврток, 6 декември 2018 |

За неверство изгледот не е пресуден!

И мажите и жените признаваат дека во љубовните афери изгледот не им е пресуден, туку страста, грижата, но и фактот дека нивниот љубовник повеќе слуша од партнерот.

Иако е врежано мислењето дека луѓето најчесто изневеруваат со физички поатрактивни партнери отколку нивната поубава половина, оваа претпоставка е само мит, потврдила една студија на американскиот портал за луѓе кои бараат љубовни афери „Викторија Милан“, а била спроведена врз 4.000 испитаници. Дури 30 отсто од мажите ја изневериле својата поубава половина со помлада партнерка, а само четвртина од нив за својата љубовница мисли дека е поинтересна или во подобра форма од сопругата, пишува „Хафингтон пост“.

Жените за ова имаат поделени мислења, половината сметаат дека љубовникот им е позгоден и во подобра форма од партнерот. Припадниците на двата пола признаваат дека изгледот не им е пресуден, туку страста, грижата, но и фактот дека нивниот љубовник подобро слуша отколку партнерот. Речиси 90 отсто од жените тврдат дека љубовникот повеќе ги цени од партнерот, потврдило истражувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top