| четврток, 6 декември 2018 |

Франција има недостаток од работници

kuvariВо најновиот извештај на француското биро на вработување наброени се десетте најбарани професии на пазарот на труд, пренесува весникот Фигаро.

Моментално, во Франција се бараат 57.023 собарки, 39.782 куќни помошнички и 39.521 мијачи на садови и помошници кувари во ресторани.

Во извештајот се наведува дека францускиот пазар планира до 2015 година да вработи околу 1,7 милиони луѓе.

Како и минатата година, најдефицитарни се работните места без квалификации. Овие работни места се слабо платени, поради што заинтересираноста за нив е мала.

Дури на четврто место на најбарани професии се инжинери и информатичари. Моментално за нив има 25.487 слободни места.

Во Франција има околу пет милиони невработени луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top