Во рамки на карванот „Купи куќа, купи стан“, Министерството за финансии заедно со претставници на банки и локални градежни компании денеска во Охрид ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и куќи. Според Министерството за финансии, карваните низ поголемите градови се поради големиот интерес кај граѓаните за проектот и со оглед на тоа што една третина од одобрените барања се од внатрешноста на државата.
Сите заинтересирани граѓани може да ги посетат презентациите и да се информираат за субвенцијата за купување сопствен дом.
Според концептот „сите информации за проектот на исто место“, планирани се презентации од претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании денеска во Охрид, а потоа секоја недела карванот продолжува во друг град Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓаните и догодина ќе аплицираат за „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“
-
Во Василево има работа за сите: Во четирите индустриски зони вработени се 95% жители
-
Проектите на македонската влада успешно се копираат и се спроведуваат и во регионот
-
Ставрески: Отворивме 33 канцеларии за проектот „Купи куќа за млади“