Судењето за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, кое се случи на 12 април минатата година, на празникот Величетврток, продолжува денеска во Основниот суд Скопје 1.
На претходното продолжение од судењето, родителите на петтемина убиени имаа соочување со обвинетите, при што само накусо кажаа дека остануваат на исказот даден пред истражниот судија.
Во вторникот требаше да сведочат уште четворица сведоци, кои беа предложени од одбраната, но тие не се појавија на суд. Според адвокатите, овие четворица сведоци ќе ги потврдат исказите на обвинетите дека не се поврзани со масакрот во април минатата година.
Во претходните рочишта исказ дадоа обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Хазири и Сејди Рами, кои изјавија дека не се вмешани во петкратното убиство. Двајцата кои според обинението се директни извршители, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се во бегство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одложено судењето за 27 април
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Сведок ги препозна двајцата напаѓачи на судењето за убиството на Саздовски
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа


