| четврток, 6 декември 2018 |

Техничка влада – за европските политичари скандал, за фантомските потреба

Си­те по­ли­тич­ки оп­ции во ЕП и во зем­ји-член­ки на ЕУ се сог­ла­су­ва­ат де­ка СДСМ тре­ба да се вра­ти во пар­ла­мен­тот, а За­ев да пре­ста­не со ин­вол­ви­ра­ње­то во чуд­ни конс­пи­ра­ции, наг­ла­су­ва гер­ман­ски­от евро­пра­те­ник Бернд По­селт. За раз­ли­ка, пак, од евро­пра­те­ни­ци­те и од по­ли­ти­ча­ри­те што ја под­др­жу­ва­ат вла­ста, тие што ја „ми­лу­ва­ат“ опо­зи­ци­ја­та не­ма­ат ими­ња. Или, пак, по­ве­ро­јат­но, не­кој си ги из­мис­лу­ва

Ста­ра­та ви­сти­на ве­ли де­ка ко­га не­маш, ќе си из­мис­лиш. Проб­ле­мот е што тоа мо­же и да за­вр­ши ра­бо­та за те­бе, но не и за дру­ги­те. Из­мис­ли­ца­та, ед­но­став­но, те­шко им се про­да­ва на дру­ги­те. При­ка­ска­та се ус­лож­ну­ва ко­га се прет­ста­ву­ваш ка­ко „др­жа­во­твор­на“ пар­ти­ја, ко­ја, спо­ред ге­нет­ски­от код, е ми­ле­ник на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, а исто­вре­ме­но, до­де­ка ја ури­ваш иста­та таа др­жа­ва, ко­ја де­мек си ја из­гра­дил, таа иста ме­ѓу­на­род­на не ти да­ва ама ни­ка­ква под­др­шка. Во тој слу­чај, по­ра­ди членс­тво­то и на­ро­дот ко­му две и пол де­це­нии си му ја про­да­вал сказ­на­та за др­жа­во­твор­но­ста, са­кал или не, ќе си из­мис­лиш и под­др­шка од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Се­ка­ко, по­ра­ди нив­на­та не­ре­ал­ност, тие ќе не­ма­ат ими­ња и ќе се во­дат ка­ко „ви­со­ки функ­ци­о­не­ри“, на­ста­на­ти од тол­ку ни­ска по­бу­да на­ре­че­на жел­ба за власт. Ток­му та­кви двај­ца има­ги­нар­ни и без­и­ме­ни ам­ба­са­до­ри на зем­ји од ЕУ во Ма­ке­до­ни­ја се „по­ја­ви­ја“ во при­ка­ска­та на Еу­ро­а­ктив, а „нив­ни­те“ ма­кси­мал­но при­страс­ни из­ја­ви на­и­доа на фан­та­сти­чен при­ем кај опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми, кои, без иск­лу­чок, си пре­пи­шаа сѐ до точ­ка и до за­пир­ка. Ин­те­рес­но, но ни­кој не мис­ле­ше де­ка е по­треб­но да се пра­ша кои се овие две европ­ски че­да, тол­ку лу­ти на вла­ста и со во­ка­бу­лар и став не­ба­ре ка­ла­пен во СДСМ. Раз­бир­ли­во, тек­стот не­ма­ше автор, ка­ко и „до­ку­мен­та­ре­цот“ на „Ал Џа­зи­ра“, ка­де што ба­рем ста­ви­ја из­мис­ле­но име, но но­ва­та при­ка­ска се из­ја­ло­ви со ко­мен­та­ри­те под неа – од де­се­ти­на­та за­сег­на­ти си­те со потс­мев про­ко­мен­ти­раа де­ка сто­ри­ја­та е смеш­на, жал­на и на­ра­ча­на. Но не и за дел од ма­ке­дон­ски­те те­ле­ви­зии и вес­ни­ци, а за пор­та­ли­те и да не збо­ру­ва­ме.

analiza136-2Очиг­лед­на­та вљу­бе­ност на опо­зи­ци­ја­та во „Не­вид­ли­ви­от чо­век“ на Џорџ Велс се по­ка­жа пред по­ло­ви­на го­ди­на, ко­га нај­а­ви­ја 5.000 ти­мо­ви што ќе одат од вра­та на вра­та за да ја спо­де­лат нив­на­та ви­сти­на. Ду­ри и пар­ти­ски­от глас­но­го­вор­ник на ед­на прес-кон­фе­рен­ци­ја по­твр­ди де­ка тие би­ле на те­рен?! Проб­ле­мот е што ни­кој не ги ви­де овие 10 до 15 ил­ја­ди лу­ѓе, освен не­кол­ку­те­ми­на „од­бра­ни“ во вр­ху­шка­та на пар­ти­ја­та, кои и та­ка ги има­ат тие спе­ци­јал­ни, нај­цр­ни очи­ла за слу­чу­ва­ња­та во др­жа­ва­та. Се­пак, би­ло до оп­ти­ка­та, не­ли… Во Вел­со­ви­от „Не­вид­лив чо­век“ проб­ле­мот на­ста­ну­ва ко­га глав­ни­от лик не мо­же да се вра­ти во „нор­ма­ла“ и оста­ну­ва не­вид­лив. Да­ли исто­ри­ја­та ќе се по­вто­ри и со опо­зи­ци­ски­те ми­лу­ва­чи на Велс? Ќе оста­не ли и нив­на­та пар­ти­ја „не­вид­ли­ва“, од­нос­но ќе ис­чез­не ли од по­ли­тич­ка­та сце­на, по тер­кот на нив­ни­те не­вид­ли­ви под­др­жу­ва­чи од ЕУ и од ил­јад­ни­ци­те ти­мо­ви? Мно­гу­ми­на, ве­ро­јат­но, ќе по­мис­лат де­ка та­ка би им на­пра­ви­ле го­ле­ма ус­лу­га на си­те, осо­бе­но на др­жа­ва­та…

 

analiza136-3

По­селт: За­ев да пре­ста­не да се ин­вол­ви­ра во чуд­ни конс­пи­ра­ции

За раз­ли­ка од фан­том­ски­те под­др­жу­ва­чи на опо­зи­ци­ја­та од ЕУ, кон­тра нив за­ста­наа ду­зи­на европ­ски по­ли­ти­ча­ри од си­те по­ли­тич­ки про­ми­нен­ции, кои ја под­др­жаа вла­ста, но ви­стин­ски. Дејс­тву­ва­ње­то на опо­зи­ци­ја­та го осу­ди­ја де­се­ти­ци евро­пар­ла­мен­тар­ци, чле­но­ви на Со­ве­тот на Евро­па и мно­гу еми­нент­ни ими­ња на по­ли­тич­ка­та сце­на во нив­ни­те др­жа­ви и по­ши­ро­ко. Ос­нов­на­та по­ра­ка на си­те бе­ше опо­зи­ци­ја­та да го пре­ки­на не­ло­гич­ни­от бој­кот и да се вра­ти во со­бра­ни­е­то, ка­де што и тре­ба да се во­ди ди­ја­ло­гот. Еден од нив е и гер­ман­ски­от по­ли­ти­чар Бернд По­селт, кој 21 го­ди­на е евро­пар­ла­мен­та­рец. Тој е дол­го­го­ди­шен пре­тсе­да­тел на Па­не­вроп­ско­то дви­же­ње во Гер­ма­ни­ја и ко­ор­ди­на­тор и глас­но­го­вор­ник на ЦСУ, вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја во Ба­ва­ри­ја и пар­ти­ја што за­ед­но со ЦДУ на Ан­ге­ла Мер­кел вла­дее со Гер­ма­ни­ја. По­селт, кој е од­ли­чен поз­на­вач на со­стој­би­те во Ма­ке­до­ни­ја, на­ши­те гра­ѓа­ни го пре­поз­на­ва­ат по остри­те реп­ли­ки до грч­ки­те по­ли­ти­ча­ри во ЕП во од­нос на ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње и проб­ле­мот за име­то. За „Ре­пуб­ли­ка“ гер­ман­ски­от по­ли­ти­чар оце­ну­ва де­ка ба­ра­ње­то за тех­нич­ка вла­да е скан­дал. Ба­ра За­ев да пре­ста­не со ин­вол­ви­ра­ње­то во чуд­ни конс­пи­ра­ции.

Ка­ко ги тол­ку­ва­те пос­лед­ни­те на­ста­ни во Ма­ке­до­ни­ја, ед­но­го­диш­ни­от бој­кот на пар­ла­мен­тот и дво­ме­сеч­но­то пре­зен­ти­ра­ње на не­ле­гал­но до­би­е­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри од стра­на на ли­де­рот на опо­зи­ци­ски­от СДСМ?
ПОСЕЛТ: Европ­ски­те де­мо­крат­ски стан­дар­ди се ап­со­лут­но јас­ни. Пар­ла­мен­тар­ци­те што се из­бра­ни од гра­ѓа­ни­те има­ат огром­на од­го­вор­ност кон др­жа­ва­та не­за­вис­но да­ли му при­па­ѓа­ат на мно­зинс­тво­то или на опо­зи­ци­ја­та и долж­ни се да ра­бо­тат. Та­ка што си­те по­ли­тич­ки си­ли во Европ­ски­от пар­ла­мент и во зем­ји­те-член­ки на ЕУ се сог­ла­су­ва­ат де­ка СДСМ мо­ра од ули­ца да се вра­ти во де­мо­крат­ски­те стру­кту­ри и ин­сти­ту­ции на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Во ме­ѓу­вре­ме, не­го­ви­те 31 пра­те­ник зе­доа 10 пла­ти од пар­ла­мен­тот што не го приз­на­ва­ат. Ед­на пра­те­нич­ка пла­та е око­лу че­ти­ри про­сеч­ни пла­ти во др­жа­ва­та. На из­бо­ри­те за­гу­би­ја со 200.000 гла­со­ви раз­ли­ка, а пре­тсе­да­те­лот на ДИК бе­ше од нив­ни­те ре­до­ви. ОБСЕ ги оце­ни из­бо­ри­те ка­ко ре­гу­лар­ни и ефи­кас­ни. Да­ли, во­оп­што, сте слуш­на­ле за та­кво не­приз­на­ва­ње на вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те во Евро­па или по­ши­ро­ко?
ПОСЕЛТ: Из­бо­ри­те во Ма­ке­до­ни­ја беа ко­рект­ни и мо­ра­ат ка­ко та­кви да се при­фа­тат и од тие што не по­бе­ди­ја на тие из­бо­ри. Ова е еден од глав­ни­те и нај­важ­ни прин­ци­пи на де­мо­кра­ти­ја­та. Не мо­же­те по­втор­но и по­втор­но да ба­ра­те но­ви из­бо­ри, сѐ до­де­ка не го до­би­е­те мно­зинс­тво­то. Ду­ри и фуд­бал­ски нат­пре­вар не би мо­жел да функ­ци­о­ни­ра на овој на­чин!

Исто­вре­ме­но, ли­де­рот на СДСМ е еден од осом­ни­че­ни­те за не­ле­гал­но и на­сил­но пре­зе­ма­ње на вла­ста во слу­ча­јот „Пуч“. Ка­ко ЕУ ги ин­тер­пре­ти­ра ва­кво­то опо­зи­ци­ско ома­ло­ва­жу­ва­ње на за­ко­ни­те и др­жа­ва­та во Ма­ке­до­ни­ја?
ПОСЕЛТ: Ма­ке­дон­ска­та вла­да е под­др­жа­на од мно­зинс­тво­то од сло­бод­но из­бра­ни­те пра­те­ни­ци во ма­ке­дон­ско­то со­бра­ние. Та­ка што јас мис­лам де­ка е скан­дал до­кол­ку еден од опо­зи­ци­ски­те ли­де­ри, нас­про­ти де­мо­крат­ска­та вол­ја на на­ро­дот, ба­ра тех­нич­ка вла­да на би­ро­кра­ти. Тој би тре­ба­ло да се фо­ку­си­ра и кон­цен­три­ра на ра­бо­та­та на опо­зи­ци­ја­та во пар­ла­мен­тот. След­ни­те из­бо­ри, мо­же­би, ќе му да­дат но­ва шан­са, се­ка­ко, до­кол­ку ја за­вр­ши сво­ја­та ра­бо­та и пре­ста­не да се ин­вол­ви­ра се­бе­си во чуд­ни конс­пи­ра­ции.

Ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот не го со­оп­шти­ја иден­ти­те­тот на стран­ска­та др­жа­ва што „по­мог­на“ во до­би­ва­ње­то на не­ле­гал­ни­те ау­ди­о­ма­те­ри­ја­ли, но, ка­ко и да е, ова е се­ри­о­зен удар врз ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво, кој соз­да­ва до­за на страв и на не­си­гур­ност ме­ѓу гра­ѓа­ни­те. Кои се ва­ши­те пре­по­ра­ки за из­ле­гу­ва­ње­то на крај со акту­ел­на­та си­ту­а­ци­ја?
ПОСЕЛТ: Си­те пар­тии, вклу­чу­вај­ќи ги и опо­зи­ци­ски­те пар­тии, тре­ба да би­дат па­три­от­ски. Ба­рам од нив да пре­ста­нат со за­гро­зу­ва­ње на па­тот на Ма­ке­до­ни­ја кон Европ­ска­та уни­ја и кон стру­кту­ри­те на НАТО, кои и та­ка се до­вол­но те­шки по­ра­ди оп­струк­ци­и­те од не­кои со­сед­ни зем­ји.

 

analiza136-4

„Не­вид­ли­ви­те“ се дел од исто­ри­ја­та на пар­ти­ја­та

Упо­тре­ба­та на не­вид­ли­ви­те лу­ѓе и дру­ги ма­ги­о­ни­чар­ски три­ко­ви во исти­от „фа­зон“, се­пак, не се из­мис­ли­ца на акту­ел­но­то ра­ко­водс­тво на СДСМ. Упо­тре­ба­та на има­ги­нар­ни ли­ко­ви и „чи­ри-бу, чи­ри-ба“ при­ка­ска­та на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на одам­на е не­и­зо­ста­вен дел од исто­ри­ја­та на пар­ти­ја­та, а, за жал, и на др­жа­ва­та. Са­мо што се­га „не­вид­ли­ви­те“ има­ат по­и­на­ква ди­мен­зи­ја. По­ра­но, исти­те тие не­вид­ли­ви лу­ѓе гла­саа на из­бо­ри, ка­ко тие во 1994 го­ди­на. Не­вид­лив бе­ше и до­ка­зот за др­жав­јанс­тво на 150.000 ли­ца иста­та таа го­ди­на. Де­вал­ва­ци­ја­та на де­на­рот, пак, во 1997 го­ди­на ја на­пра­ви­ја „не­вид­ли­ва“ со соз­да­ва­ње­то на ко­ре­ни­те на конф­ли­ктот во 2001 го­ди­на, т.е. ап­се­ња­та во Го­сти­вар и во Те­то­во. За жал, мно­гу вид­ли­во е „пу­шта­ње­то во­да“ кон ДУИ, со ко­ја се по­сва­ти­ја пре­ку Бу­џа­ку. Ток­му во не­го­во вре­ме, ко­га беа во ко­а­ли­ци­ја, за нив „не­вид­ли­ви“ беа и гра­ни­ци­те на те­ри­то­ри­јал­на­та по­дел­ба во 2004 го­ди­на, кои де­не­ска се вид­ли­ви од ави­он. Но то­гаш, тие пра­ша­ња, ед­но­став­но, не зас­лу­жу­ваа од­го­вор?! Та­ка ба­рем го­во­ре­ше Ше­ке­рин­ска, а бе­ше и по­лес­но, осо­бе­но со таа до­бро „на­ме­сте­на“ оп­ти­ка за пре­до­дре­де­на­та, поз­драз­бир­ли­ва и не­под­нос­ли­ва лес­но­ти­ја на вла­де­е­ње­то…

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 136. број на неделникот „Република“, 10.04.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top