Украинскиот новинар и писател, познат по своите проруски ставови, Олес Бузина, е убиен денеска во Киев, објави на својот профил на „Фејсбук“ советникот во Министерството за внатрешни работи на Украина, Антон Герешченко.
Герешченко информира дека Бузина бил убиен во близина на неговиот дом во центарот на Киев, кога во него било пукано од автомобил со странски регистарски таблички.
Како што јави ТАСС, Бузина беше главен уредник на весникот „Сегодња“, но поднесе оставка на оваа должност не согласувајќи се со цензурата што ја наметна сопственикот на изданието, компанијата „Медија Груп Украина“.
Ова е второ убиство на проруски настроена позната личност во Киев во последниве два дена, откако вчера беше убиен и поранешниот пратеник во Врховната рада од редовите на Партијата на регионоте, Олег Калашников.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка



