На третиот конкурс за музиколошки труд, што го распиша Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ) победник е трудот пристигнат под шифра „Кукузел“ со наслов „Нови сознанија за потеклото на кукузел“ од авторот д-р Јане Коџабашија.
Комисијата во состав: Марко Коловски – музиколог, Мирјана Шулајковска-Павловска – музиколог и Александар Пејовски – композитор, по внимателното разгледување на пристигнатите музиколошки трудови едногласно заклучи дека текстот на д-р Јане Коџабашија, според структурата, употребените методолошки постапки, степенот на иновативноста во толкувањето на потеклото на големиот средновековен мелург и музички творец, целосно заслужува да биде прогласен за победник на овој конкурс. Овој текст, освен што користи мноштво податоци од различни светски медиевисти, низ една компаративна анализа наметнува нови видувања на можното потекло на Кукузел и претставува придобивка и за македонската и за светската музиколошка литература што го третира ова прашање. Комисијата, исто така, ценејќи ги дострелите во трудот „Јана Андреевска – првата македонска композиторка“, заклучи овој текст да биде откупен. Авторите Ангелина Димовска и Тина Иванова преку, или, подобро – пред анализата на делото на Андреевска „Дали сум сокол, бура или бескрајна песна“, промовираат интересни гледишта за причините на помалото присуство на композиторките во светското музичко творештво. Самиот труд, освен овие два централни столба, дава и мноштво други податоци за композиторката Јана Андреевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прво ЦД издание на македонскиот композитор Вулнет Таири
-
СОКОМ и годинава учесник на Генералното собрание на Европската алијанса на композитори
-
Наградените композитори се огласија: Сеуште не сме добиле решенија и договори , а министерот за култура цели 10 месеци одбива средба со СОКОМ
-
СОКОМ наградата „Георги Божиков“ им ја додели на „Биг бенд“ за најуспешна изведба на македонско дело во изминатата година