Припадниците на групацијата Исламска држава упаднаа во најголемата ирачка рафинерија Баиџи и зазедоа дел од објектите, соопштија ирачките власти.
ИД изминатите десет месеци повеќе пати се обидуваше да ја заземе рафинеријата, на 200 километри северно од Багдад, но силите за безбедност успеваа да ја одбранат.
Џихадистите сега контролираат делови од рафинеријата, како и патиштата што вода до неа, изјави анонимен висок претставник на компанијата.
Ирачките сили стационирани во рафинеријата даваат жесток отпор, истакна тој и додаде дека следните часови ќе почне операција за враќање на контролата на заземените објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.