Арбитражната комисија денеска ги прифати жалбите на двата клуба по одлуките што беа донесени од страна на Натпреварувачката комисија во претходните денови. Со тоа е одлучено Куманово и Работнички да не бидат исфрлени во понизок ранг на натпреварување.
Сосема очекувано според правилникот на натпреварување арбитражната комисија на денешниот состанок ги прифатила жалбите на КК Работнички и КК Куманово за неправилна одлука на натпреварувачката комисија да ги закаже средбите на кумановци со Карпош Соколи и Работнички истотака со скопскиот клуб.
Останува да се види каква ќе биде целокупната разврска на ситуацијата, со оглед на фактот дека значителен дел од хаосот се уште останува, од аспект на статусот на Карпош соколи, тим што според пропишаниот Закон за Спорт не се трансформираше навреме во Акционерско Друштво (до стартот на Супер-лигата). Сега топката се враќа кај Натпреварувачката комисија, која по консултациите со Агенцијата за Млади и Спорт и со Македонската Кошаркарска Федерација ќе треба да донесе одлука за иднината на „соколите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.