| четврток, 6 декември 2018 |

Анализа: Путин го вооружува Иран со балистички ракети

Фена – Сараево

Претседателот на Русија Владимир Путин во понеделникот потпиша указ со кој се укинува руската забрана на испораки на ракети S-300 на Иран, стои во соопштението на Кремљ.

Кабинетот на претседателот во соопштението не ја наведува ни можноста за испораки на ракети S-300 веднаш, но информацијата за указот на претседателот теоретски отвара пат за можна испорака по морски, копнен или воздушен пат. Иран од почетокот на месецот со светските сили постигна рамковен договор за својот нуклеарен програм, кој ако се оди според договорот, предвидува постапно укинување на меѓународните санкции за Техеран.

Поранешниот претседател на Русија Дмитриј Медведев во 2010 година забрани испорака на наведениот тип на проектили на Иран, во согласност со резолуцијата 1929 на ОН, со која Техеран се санкционира поради нуклеарната програма.

Русија и Иран во 2007 година потпишаа 800 милиони долари вреден договор за испорака на воена опрема, т.е. на проектили S-300, со кои можат да се пресретнуваат авиони или други ракети.

По забраната за испорака на тие ракети Техеран се обрати до Меѓународниот арбитражен суд во Женева, барајќи од Москва четири милијарди долари отшета.

Во текот на посетата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на Иран во почетокот на 2015 година, Москва и Техеран потпишаа протоколарен договор со кој се зајакнува воената билатерална соработка поради заеднички интереси. Русија тогаш на Иран предложи да испорача Антеј-2500 нова усовршена верзија на ракетите S-300.

Соединетите Американски Држави и европските земји воведоа санкции на двете земји. На Иран поради нуклеарната програма, а на Русија поради вмешаноста во украинската криза. Покрај тоа, двете земји кои дополнително се зближија во последните неколку години на стопански план, го поддржуваат и режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Руското Министерство за одбрана е подготвено за кусо време да испорача ракети на Иран ако за тоа добие зелено светло, објави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на функционери на руското министерство за одбрана.

Американскиот државен секретар Џон Кери изрази загриженост на својот руски колега поради одлуката на Москва да ја укине забраната за испорака на ракети на Иран, објави Белата куќа во понеделникот.
Руската одлука за размена на ракети за нафта, може да значи и кршење на постоечките санкции на Иран, рече портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

Тој не наведе детали од разговорот на Кери со Сергеј Лавров. – Тоа беше прилика државниот секретар Кери да изрази загриженост – рече тој.

Претседателот на Русија Владимир Путин во понеделникот потпиша указ со кој се укинува руската забрана за испорака на ракети S-300 на Иран, соопшти Кремљ.

Со тоа е отворен пат за размена на ракети за нафта, што значи дека Москва ќе има предност во трката да го искористи можното укинување на санкциите на Иран.

Иран во почетокот на месецот со светските сили постигна рамковен договор за својот нуклеарен програм, кој ако се оди според договорот, предвидува постепено укинување на меѓународните санкции за Техеран.

Ернест рече дека предлогот за размена на оружје за нафта може да го прекршува режимот на санкции кој на Иран го воведоа САД и други западни земји, пренесе Јутарњи лист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top