Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари годинава се пониски за еден отсто на месечно ниво, а за 3,3 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со претходниот месец продажните цени, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9,7 проценти, а во секторите Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2 процента. Во споредба со истиот месец од минатата година се повисоки во секторите Рударство и вадење на камен за 2,9 отсто и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5 отсто, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 4,4 отсто.
Продажните цени, пак, на производителите на индустриски производи на странски пазари во февруари годинава се пониски за 2,1 процент на месечно ниво и за 3,2 процента на годишно ниво.
Во однос на јануари годинава се пониски во секторите Рударство и вадење на камен за 14,4 отсто и Преработувачка индустрија за 0,6 отсто, а во споредба со истиот месец лани се пониски во секторите Рударство и вадење на камен за 0,4 проценти и во Преработувачка индустрија за 3,5 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.