| четврток, 6 декември 2018 |

Намалени продажните цени на производителите на индустриски производи

цени

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во март годинава вкупно се повисоки за 0,2 проценти на месечно ниво, а се пониски за 3,6 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во март, споредено со февруари оваа година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 0,7 проценти, во „преработувачка индустрија“ за 0,3 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,1 процент.

Во март годинава во однос на март лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 2,7 проценти и во секторот преработувачка индустрија за 4,2 проценти, а се повисоки во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,6 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top