| четврток, 6 декември 2018 |

Пад на продажните цени на индустриските производи

производи-индустрија

Продажните цени на производителите на индустриските производи на домашниот пазар, се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, додека за 2,3 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари оваа година, во споредба со декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 1,1 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто и во групата Капитални производи за 0,2 отсто.

Во јануари оваа, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за четири отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,6 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,2 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто  и во групата Капитални производи за еден отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top