| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжен рокот за полагање англиски јазик за таксистите

До крајот на месецов е продолжен рокот за пријавување на таксисите за полагање испит по англиски јазик, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Продолжувањето на рокот, според министерството, е на барање на такси компаниите. Пријавувањето на кандидатите се врши на електронска пошта ispiti@mtc.gov.mk. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите да приложат М1/М2 образец не постар од 60 денари и копија од лична карта.

Согласно Законот за патен сообраќај сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање основен степен на англиски јазик, кој е еден од условите да добијат лиценца за вршење на авто такси превоз кој ќе биде задолжителен од  1 јануари 2017.

Од Министерството за транспорт и врски потенцираат дека авто такси возачите ќе немаат никакви трошоци за полагање на испитот.

На конкурсот за полагање на испитот по англиски јазик може да се пријават само такси возачи  вработени во лиценцирани авто такси компании. Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објевено на веб страната на Министерството за транспорт и врски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top