Во четврток (16-ти април) во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи трибина на тема „Актуелните аспекти на литературата за деца“. Воведни излагања на трибината ќе имаат д-р Атанас Николовски, д-р Јелица Николовска, Стојан Тарапуза и Трајче Кацаров, а во работата на овој собир ќе учествуваат и наставници по македонски јазик, претставници на издавачките куќи и списанија, писатели за деца и читатели.
Трибината се одржува во рамките на кампањата на Друштвото на писателите на Македонија за поддршка на литературата за деца за која интересот е се помал.
ДПМ оценува дека ваквата неповолна ситуација зависи од повеќе фактори, меѓу кои од издавачите, списанијата, библиотеките, но и од самите автори, со оглед на фактот дека има се помалку писатели од поновите генерации кои се јавуваат со дела во оваа област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија