Германските медиуми пренесуваат вест за масовна тепачка меѓу Еритрејци и Албанци во еден дом за азиланти во близина на Хамбург, Германија. За смирување на страстите интервенирала и полицијата, а според неколку медиуми, во смирување на ситуацијата бил употребен и хеликоптер и 15 возила, како и цивилни службеници.
Еден Еритреец со повредена глава е сместен во болница, па побарал помош, тврдејќи дека го нападнале Албанците. Се уште не е јасна причината за тепачката во која се користени и греди, столици, стапови и други предмети. Сепак се верува дека ова е продолжување на кавгата која се случила за време на викендот.
Тогаш кавгата настанала заради перење и употребувањето на машината за перење. Медиумите нагласуваат дека се работи за азилантски дом во кој живеат до 720 лица во мал простор, односно дека има околу четири лица во 15 метри квадратни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.