Лидерот на СДСМ, Зоран Заев освен тоа што го спроведува своето антидржавно сценарио, е и крајно лицимерен, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако опозицијата денеска објави нови разговори, обвинувајќи за партиски вработувања.
– Од една страна невешто сака да се претстави себе си како загрижен за состојбата со вработувањата, а од друга страна самиот тој на јавни политички настапи и обраќања на партиски трибини зборуваше дека во општината Струмица и во останатите институции каде што е на власт СДСМ за сите вработувања одлучува партиската кадровска комисија на СДСМ, и дека масовно ќе се бркале луѓе од работа ако СДСМ дојде на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев, нагласуват од владејачката партија, сака да се заборави и избрише од колективната меморија на граѓаните дека токму тој изјавуваше дека ако СДСМ дојде на власт лично тој ќе јаде живи луѓен и дека ќе ги брќа луѓето од работа од хигиеничар до министер и на нивно место ќе вработува луѓе за кои ќе добие насока и одлука од кадровската комисија на СДСМ.
-Во Струмица овие 2744 луѓе се вработени со одлуки на кадрови комисии на СДСМ, од хегиеничарот во Еленица до некој директор коe е во некоја институција која што е под општината, одлучува кадрова комисија на СДСМ, моја задача е да го отворам работното место, како градоначалник кои што СДСМ го номинирала за да биде мандатор за градот Струмица да го води, тоа ми е задачата да ги отворам работните маста а кадровата комисија на СДСМ одлучува кои да биде вработен, рече Заев на една апртиска трибина во минатото.
Тој додаваше дека “се радувам што ваквите нови пракси кои што ги преминуваме во Струмица, во едно Охрид, во едно Куманово, во еден Карпош се пракса и на партијата”
За партискиот реваншизам кој го практикуваше СДСМ, потенцират од ВМРО-ДПМНЕ, најдобро говорат и примерите на бркање од работа на над 1 100 работници од ЕСМ, над 800 работници од ПУИГ, стотици избркани од работа од полицијата, Македонски Шуми, јавните здравствени установи и другите државни инстиуции , лица кои преку ноќ во 2002 година останаа без работа, само затоа што не беа вработени од партиската кадровска комисија на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)