Синот на султанот од Брунеи, принцот Абдула Малик(31) ги разменил брачните заветите со својата невеста Дајангка Рабиатул Адавијах Хаџи Болкиах (22) на спектакуларна церемонија која започна во неделата во престолнината на Брунеи, во палатата Истан Нурал Иман.
На венчавката освен семејството и приајтелите биле приустни и многу благородници на оваа мала и богата земја, но и голем дел од кралските семејства од Азија и Европа. Свадбата ја следеле 96 новинарски екипи од 21 земја, јавува „Дејли меил“. Младенците се ускладиле така што облекле традиционална малајска носија, фустаниво златни бои украсени со дијаматни, а невестата која инаку е ИТ инструктор, не носела букет цвеќе туку во рацете држела букет со блескави скапоцени камења.
Нејзината дијамантска тијара се усогласувала со нејзиниот ѓердан, а сето тоа било украсно со смарагди. Големо внимание предизвикале и нејзините чевли од брендот Кристијан Лобутин кои биле украсени со Сваровски кристали и златниот украс околу нејзината нога.
Султанот од Брунеи на свадбата носел традиционална носија. Дворот на палатата во која 11 дена ќе се дочекуваат гости прима 5.000 посетители. Абдула Малик е втор по ред за наследување на кралскиот трон во Брунеи. Тој е шестото дете на султанот со неговата сегашна жена, кралицата Салеха.
Султанот од Брунеи инаку има 12 деца – пет синови и седум ќерки од три различни жени.
Брунеи се наоѓа на северот на островот Борнео во заливот на Јужното кинеско море. Од 1959 година е парламентарна монархија, но султанот има веќе законодавна и извршна власт па Брунеи може да се нарече апсолутистичка монархија. Оваа земја спаѓа меѓу најразвиените земјоделски земји. Производството на нафта и плин им е главна активност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.