| четврток, 6 декември 2018 |

Протерани 200 лица без право на азил од Лион

париз

Над 200 лица, од кои најголемиот број се Aлбанци чие барање за азил во  Франција беше одбиено, беа протерани изутринава од една зграда која беше окупирана од 2013 година во Лион, јавува дописникот на МИА од Париз.

Одлуката за нивното протерување од зградата, која се наоѓа на булеварот Ив Фарже во 7-от арндосман на Лион, кварт кој е во реконструкција, е донесена на крајот од зимскиот период кога протерувањата се повторно можни. Судската одлука беше донесена на 20 октомври 2014, тврди префектурата.

Оваа зграда во која се наоѓаа барателите на азил, исто како и теренот е сопственост на градот Лион, кој планира на ова место да изгради социјални станови и училиште.

Меѓу протераните жители на зградата, многумина имаат и изречена мерка за задолжително напуштање на француската територија. Некои од нив директно се спроведени во административнот центар за задржување на лица со нерегулиран статус на аеродормот Лион Сант Егзупери.

Според Мишел Жуар, кој веќе подолго време се грижи за баратели на азил од Косово во Лион, дел од овие протерани лица претходно живееле под мостот Киченер под автопатот А6. Во оваа дива населба еден момент живееле до 500 лица во самото срце на Лион, пред да бидат протерани во неомври 2013, кога дел од барателите на азил добија други сместувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top